Бројна низа 1-100: примена и активности

За практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.
Илустрирана бројна низа можете да најдете во комлетот работни листови по математика.

Бројна низа 1-100
Користете ја низата на броеви од 1 до 100 за усно да ги повторите броењето и подредувањето броеви до 100.

Проверете дали учениците ги совладале имињата на броевите. Учениците можат да се збунат со имињата на броевите 11 и 16 (еден – единаесет; шест – шеснаесет; или десет-наесет наместо дваесет, итн.), па затоа вежбањето на усното броење со помош на бројната низа ќе доведе до учење на правилните имиња на броевите.

Brojna niza 1-100
За да го утврдите броењето и подредувањето броеви до 100 поставувајте прашања, како на пример:
– Кој број се наоѓа меѓу 56 и 58?
– Кој број е после 23?
– Кој број е пред 85?
– Итн.

Користете ја бројната низа за да утврдите дека собирањето може да се прави по кој било редослед и дека е полесно да се брои од поголемиот број кога се собира. Покажувајте ги одговорите на низата.

***
Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.

Содржината на оваа страница е достапна само за членовите.
Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да ја прегледате содржината.

Existing Users Log In