Активности со бројна оска 0-20

Бројна оска 0-20

за практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите. Илустрирана бројна оска можете да најдете во комплетот работни листови по математика.

Бројна оска 0-20
Бројна оска 0-20

Научете го одделението како да брои напред и назад користејќи ја бројната оска. Со цел да го направите ова, физички посочувајте кон броевите (можете да користите и бројаница, жетон или друг поситен предмет кој ќе го поместувате по бројната оска).

Кога ќе совладуваат броење од 10 до 20, учениците можат да се збунат со имињата на броевите 11 и 16 (еден – единаесет; шест – шеснаесет), па затоа вежбањето на усното броење со помош на бројна оска постепено ќе доведе до учење на правилните имиња на броевите.

Можете да играте игра со учениците: нека ги следат брзите инструкции, користејќи ги нивните прсти. На пример, почнете со 10, вратете се 2 наназад, па 3 нанапред, па 1 назад и 2 напред. На кој број се наоѓате сега? Дали е тоа повеќе или помалку од 14? И така натаму.

Искористете ја бројната оска за вежбање на броење до 20. Покажете кон некој број на оската. Еден ученик нека плесне со рацете онолку пати колку што е бројот што сте го покажале вие. Остатокот од одделението треба да ги брои ракоплескањата и да провери дали ученикот на табла постапил точно. Постапката повторете ја неколкупати.

За утврдување поставувајте прашања, како на пример:
– Кој број е по 10?
– Кој број е пред 15?
– Кој број е меѓу 14 и 16?
– Кој е скриениот број? (покријте еден број)
– Кои броеви содржат 0? (0, 10, 20)
– Кои броеви ја содржат цифрата 5? (5 и 15)

На бројна оска можете да го објасните и вежбате собирањето, преку продолжување со броење или преку прескокнување (поместување нанапред) неколку бројни места.

Потсетете ги учениците дека доколку на бројната права мрдате десно ви дава повеќе, а на лево помалку. Потенцирајте дека ако скокнете за 2, ќе добиете број за 2 поголем или помал.

Понекогаш со поголем броен опсег, на учениците им е тешко да го одредат бројот пред или потоа без броење од еден повторно. Совладајте го ова преку користење делби (бројни места) на бројната оска.

Водете кон идејата дека 10 можеме да го искористиме како мост или како „отскочна штица“ кога вршиме собирање напамет. Искористете го примерот 6 + 7 и објаснете дека ова можеме да го гледаме како 6 + 4 + 3. На бројната права прикажете го на следниот начин:

Ова повторете го користејќи различни примери со што ќе го разјасните концептот.

Користете ја бројната низа за да утврдите дека собирањето може да се прави по кој било редослед и дека е полесно да се брои од поголемиот број кога се собира. Покажувајте ги одговорите на низата.

Одземањето, пак, како броење наназад е поапстрактна операција и за да ја разберат оваа операција учениците треба добро да ја имаат усвоено бројната оска. Треба да ја поминете идејата дека броењето наназад е исто што и одземање преку поврзување што го правите на бројната оска во конкретни примери.

***

Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.

Содржината на оваа страница е достапна само за членовите.
Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да ја прегледате содржината.

Existing Users Log In