Примена и активности за осна симетрија
За практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.
Илустриран наставен лист за осна симетрија можете да најдете во комплетот работни листови по математика.
Осна симетрија
Објаснете им на учениците дека понекогаш целината може да биде поделена на два еднакви дела. Овие делови се наречени половини. Покажете им примери од предмети и фигури што можат да бидат поделени на половини.
Објаснете му на одделението дека некои работи се симетрични. Ова значи дека можеме да нацртаме оска на симетрија што ја дели фигурата на два еднакви дела (половини). Тоа исто така значи дека кога ќе ја превиткаме формата по должина на оската на симетрија, двете половини совршено се преклопуваат една со друга бидејќи тие се огледало една на друга.
Вежбајте го ова со помош на формите дадени на овој работен лист. Учениците нека ја нацртаат другата половина на симетричната форма и нека ја обојат, така што истите бои да соодветствуваат едни на други кога таа би била превиткана.
***
Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.
You must be logged in to post a comment.