Активност „За едно повеќе, за едно помалку“
Слични илустрирани наставни листови со активности и задачи можете да најдете во комплетот работни листови по математика.
За едно повеќе, за едно помалку
Оваа активност за воведување во собирање и во одземање е наменета за учениците од прво одделение, а применлива е и за претшколска возраст.
На секоја бонбона има број. Во полето лево од бројот ученикот нека го запише претходникот (за еден помалку од впишаниот број), а десно следбеникот (за еден повеќе), како во првиот пример кој е даден.
Кај втората активност, од ученикот се бара да нацрта онолку бонбони колку што е назначено, а потоа во квадратчето да го пополни бројот на бонбони што ги нацртал.
Цртежите можат потоа и да ги обојат. Исто така, можете да им дадете на учениците задача да раскажат приказна во врска со бонбоните. На пример, Сара имала пет бонбони, но мајка ѝ ѝ дозволила да земе уште една. Сега Сара има пет бонбони.
***
Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.
You must be logged in to post a comment.