Материјали за учење од дома

МАТЕРИЈАЛИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА
НАСТАВНАТА ПРОГРАМА НА ДАЛЕЧИНА ПО ПРЕДМЕТОТ ПРИРО
ДНИ НАУКИ 4 ОДДЕЛЕНИЕ

ВАЖНО:  Најголем дел од материјалот е преземен од Прирачникот по природни науки за 4 одделение (за помош во учењето и подготовка за тестирања и натпревари), а наставните листови од Вежбанката со наставни листови по природни науки за 4 одделение. Во овој период на изолација, изданијата можат да се нарачаат онлајн со 30 % попуст на линкот:
https://www.literatura.mk/ListBooksforCategory.aspx?cat=155&displayName.

Дадените наставни листови се предвидени да се решаваат самостојно од страна на учениците. Може да се испечатат, но може да се решаваат и во тетратка.

 

 ТЕМА 5 – Скелет и мускули

 

По изучување на оваа тема, од учениците се очекува да ги постигнат следниве цели:

  • Знае дека луѓето (а и некои животни) имаат коскен скелет во внатрешноста на своите тела.
  • Проверува идеја или претпоставка врз основа на научно знаење и разбирање.
  • Врши релевантни набљудувања и споредби во најразлични контексти.
  • Претставува резултати преку цртежи, столбести графикони и табели.
  • Знае дека скелетот расте со растењето на човекот и го држи и заштитува телото.
  • Предлага прашања за проверување, дава претпоставки и ги споделува со останатите.
  • Мери температура, време, сила и должина.
  • Идентификува едноставни трендови и модели во резултатите и нуди објаснувања за некои од нив.
  • Знае дека на животните со скелет, коските им се обвиени со мускули.
  • Собира докази во најразлични контексти.
  • Знае дека мускулот мора да се собере за да ја придвижи коската и дека мускулите работат во парови.
  • Ја објаснува улогата на лекарствата и нивната правилна употреба.
  • Собира докази во најразлични контексти.
СКЕЛЕТИ
Што мислиш дека е прикажано на сликата?
Кое животно би можело да биде ова?
Зошто изгледа вака?

Дали досега си видел скелет? Во некои музеи се поставени скелети од животни какви што се диносаурусите, кои живееле пред многу години.

Скелетите се изградени од многу коски. Какви би биле ние без коските? Не би биле во можност да стоиме, ниту, пак, да се движиме! Нашиот скелет

  • ни дава потпора и нè држи исправено,
  • ги заштитува важните органи во телото, и
  • ни овозможува  да се движиме.

Тој не останува еднакво голем. Тој расте заедно со нас. Доколку не расте, тогаш ние не би пораснале поголеми отколку кога сме биле бебиња.

Нашите скелети се изградени од многу различни коски.
Овие коски се со различни димензии и форми.
И животните имаат скелети. Ова е скелетот на едно куче.
Вака изгледа нашиот скелет кога трчаме.

Прашања

  1. Од што се изградени скелетите?
  2. Зошто скелетите треба да бидат тврди и цврсти?
  3. Што мислиш, зошто коските од твојот скелет имаат различни форми и големини?
  4. Коските не се многу тешки. Што мислиш, како тоа им помага на животните?
  5. Претстави на цртеж како замислуваш дека би изгледал некој човек без скелет.

Наставен лист – Скелети

 

Наставен лист – Нашиот скелет

 

Наставен лист – Мерење на подлактници

Наставен лист – Должина на подлактници

 

Понекогаш можеме да паднеме или да ни се случат незгоди, при што ги кршиме  коските. Скршената коска се нарекува скршеница. Лекарите прават специјална фотографија наречена рендген-снимка за да видат дали коската е скршена или не. Рендген-снимките ни овозможуваат да гледаме во внатрешноста на нашите тела.

На оваа рендген-снимка е прикажана скршена нога. Коските не остануваат скршени.
Скршените краеви на  коската постепено повторно сраснуваат помеѓу себе.

Скелетите даваат потпора и заштита

Скелетот го држи нашето тело. Тој претставува цврста рамка внатре во телото. Нашето тело не може лесно да се смачка поради постоењето на скелетот. Тој му дава форма на телото и го прави цврсто. Скелетот исто така ги заштитува нашите органи.

Сите животни немаат скелет. Црвите и медузите немаат скелет. Животно кое нема внатрешен скелет се нарекува безрбетник.

Медузите и октоподите немаат скелет.

 

* Мускулот А се вика бицепс, а мускулот Б се вика трицепс.

 

Нашите мускули во се собираат и опуштаат кога правиме движења (пример, трчаме).
Мускулите се обоени жолто.
Стегање (скусување) и опуштање (издолжување) на мускулниот пар што прави раката да се свитка во лактот. Мускулите се прикачени на краевите од коските со тетиви и може да се издолжуваат (опуштаат) и да се собираат (стегаат). При свиткување на раката се скусува мускулот А (бицепсот) а се издолжува мускулот Б (трицепсот), а при исправање на раката се издолжува мускулот А (бицепсот), а се скусува мускулот Б (трицепсот).

Наставен лист – Како функционира мојата рака

 

 

Наставен лист – Супстанците како лекови

 

 

Наставен лист – Што се лекови и како се земаат

 

 

Наставен лист – Како дејствуваат лековите

 

ПРОВЕРИ ГО СВОЈОТ НАПРЕДОК

Наставен лист – Проверка на знаење – Тема 5 – Скелет и мускули

Наставен лист – Проверка на знаење – Поими од Тема 5 – Скелет и мускули

 

ТЕМА 6 – Звук

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА

  • Сетилото за слух е едно од твоите пет сетила.
  • Звуците можат да доаѓаат од далечина.
  • Звуците можат да се произведат на различни начини.
  • Звуците можат да бидат силни и слаби.
  • Има високи и ниски звуци.
  • Звуците што ги создаваат музичките инструменти можат да се менуваат.

 

СОЗДАВАЊЕ ЗВУЦИ

Звучни осцилации

Звуците се создаваат кога предметите што се движат предизвикуваат осцилирање (вибрирање, треперење) на честичките во воздухот.  Осцилациите се периодични движења што се повторуваат. Честопати, осцилациите на телата не можеш да ги видиш, но можеш да ги почувствуваш. Стави ја раката на средината од грлото и испушти некаков звук. Истовремено ќе ги почувствуваш осцилациите и ќе го чуеш звукот.

Можеш да забележиш како треперат жиците на оваа гитара.

Шематско претставување на осцилациите.

Звукот се создава ако нешто осцилира (вибрира). Кога некој предмет вибрира, тогаш и средината околу него (воздухот или некој предмет) вибрира. Вибрациите се простираат низ таа средина сè додека не дојде до увото. Звукот е всушност енергија што можеме да ја слушнеме.

Звукот се шири од неговиот извор низ воздухот со помош на невидливи бранови додека не стигне до нашите уши. Нашите уши ги примаат тие осцилации. Потоа, овие осцилации се претвораат во сигнали што нашиот мозок ги разбира како звуци.

 

Наставен лист – Како се шири звукот?

 

Ширење на звучните бранови

Звучните бранови се слични на брановите вода. Тие се простираат во сите правци. Ваквите бранови доаѓаат до нас и потоа можеме да ги слушнеме. Звуците, исто така, се шират и нагоре и надолу. Енергијата од звучниот бран се пренесува од една на друга честичка додека не стигне до нас.

Колку си поблиску до изворот на звукот, толку повеќе енергија има звукот. Велиме дека неговата гласност е поголема. Колку си подалеку од изворот, толку звукот е потивок.

Звучните бранови се шират низ просторот како брановите вода.

Звукот може да се патува и да се шири низ различни материјали. Звукот најдобро се шири низ цврстите материјали како дрвото и металот. Звукот добро се пренесува и  низ течностите. 

Китовите меѓусебно комуницираат под вода. Звуците што ги произведуваат во водата се простираат на големи растојанија.

Звукот се шири и низ гасови – како низ воздухот.

Звукот единствено не може да се шири низ вакуум – простор во кој нема никакви честички.

 

ГЛАСНОСТ НА ЗВУКОТ

Звуците можат да бидат гласни или тивки. Ако го промениш начинот на кој ги создаваш осцилациите, можеш да го промениш и звукот што се добива.

Гласноста на звукот од тапанот се менува преку менување на силата со која се удира. Ако удриш многу силно, тогаш мембраната на тапанот ќе почне силно да осцилира. Со тоа ќе добиеш гласен звук, односно звук со голем интензитет. Ако го удриш тапанот послабо, ќе добиеш потивок звук. Испробај!

Гласност на звукот од различни извори претставени во децибели (dB)

 

Слабите осцилации создаваат тивки звуци.

Силните осцилации создаваат гласни звуци.

Гласноста на звукот е мерка колку некој звук е гласен или тивок.

Гласноста на звуците ја изразуваме во децибели.

Можеме да употребиме звукомер за да ја измериме гласноста на звукот.

 

Наставен лист – Простирање на звукот

 

 

ВИСИНА НА ЗВУКОТ

Висината на звукот се поврзува со брзината на осцилирање. Ако се промени  должината или големината на објектот што осцилира, може да се промени и висината на звукот. Осцилациите кај помалите и пократките инструменти се со голема брзина, па тие даваат повисоки тонови. Осцилациите кај големите и долгите инструменти се побавни и тие произведуваат пониски тонови.

Така, виолината произведува повисоки тонови од контрабасот. И тапаните со различни големини произведуваат различни тонови. Колку е поголем тапанот, толку е понизок тонот.

Висината на тоновите може да се промени преку менување на напрегнатоста на мембраната, правејќи ја позатегната или полабава. Полабава жица, исто така дава пониски тонови од позатегната.

 

РАЗЛИЧНИ ИНСТРУМЕНТИ

Во ударни инструменти влегуваат тапаните, тропалките и дајрињата. Тие се едни од најстарите музички инструменти.

За да произведеш звук кај ударните инструменти, како што се тапаните, потребно е да ги удираш или да ги протресеш. Со нивно удирање или тресење се поттикнуваат осцилации во нив од кои се создава звук. Некои тапани имаат оптегната мембрана по која се удира. Кога мембраната ќе се затегне цврсто, таа може побрзо да осцилира. Кога ќе се удри по металот, тој осцилира и создава звук. Воздухот што е затворен во тапанот придонесува звукот да биде гласен.

Дувачките инструменти се свират со дување, при што инструментот се држи или во хоризонтална или во вертикална положба. Некои од нив се составени само од една цевка, а другите имаат повеќе делови. Со минување на воздухот низ цевките на инструментот се создава звук. Колку е помала цевката низ која се движи воздухот во инструментот, толку се создава повисок тон. Подолгите цевки даваат пониски тонови.

Кавалот има една цевка. За да се создадат тонови со различна висина треба да се менува должината на воздушниот столб. За да го направиш тоа, треба да ги затвораш некои од отворите за воздух.

Да повториме за музичките инструменти:

  • Со удирање на мал тапан се создаваат брзи треперења, а со тоа и високи тонови.
  • Со затегнување на мембрана на тапанот се добиваат повисоки тонови.
  • Во цевките кај дувачките инструменти има воздух.
  • Со дување во дувачките инструменти осцилира воздушниот столб поради што се добива звук.
  • Колку е подолг воздушниот столб, толку е повисок тонот што се создава.

 

Наставен лист – Дувачки инструменти

 

ТЕСТ –  Тема 6: Звук

Содржината на оваа страница е достапна само за членовите.
Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да ја прегледате содржината.

Existing Users Log In

Prove your humanity