Примена на работен лист Спротивности
За практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.
Илустриран наставен лист со активности за спротивности можете да најдете во комплетот работни листови по математика.
Спротивности
Утврдете ги поимите за спротивности. Учениците нека ги поврзуваат поимите со спротивно значење, од левата и десната колона на работниот лист.
При совладување на вие поими на спротивности важно е да им помогнете на учениците да сфатат дека нештата можат да бидат истовремено и големи и кратки или и долги и мали.
Концептот „висок“ е исто така важен за разбирање на должината и височината. Учениците треба да разберат дека „височина“ е должина што се мери од врвот до дното (или обратно). Не се очекува формално да го извршат мерењето, туку да направат визуелна процена, со цел да се споредат и да се подредат должините.
Концептите на широк и тесен, или дебел и тенок, можат да се изучуваат на ист начин како и други спротивности (големи и мали, кратки и долги). Во суштина, децата сè уште се занимаваат со концептот на линеарни мерки, но тие треба да го развиваат речникот и да зборуваат за различни аспекти на ова поле.
Совет: Покријте го делот од работниот лист што не го работите со хартија и работете на останатиот дел, за учениците да останат фокусирани на задачата на која работите.
***
Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.
You must be logged in to post a comment.