Програма по природни науки

Серијалот Природни науки за основно образование на Арс Ламина публикации претставува дел од една сеопфатна програма, лесна за користење, што вклучува добро илустрирани учебници, корисни работни тетратки, како и дополнителни прирачници за наставниците и научни читанки за учениците, за секое одделение.

  • Програмата презентира стимулативни и активни начини за изучување на вештините во науката, овозможувајќи активен пристап кон изучувањето на природните науки.
  • Учебниците се одлично илустрирани и забавни за користење, полни со активности, игри и дискусии, со цел учениците да бидат целосно ангажирани на сите нивоа.
  • Во експериментите и активностите се користат секојдневни материјали и преку нив се охрабруваат учениците да го истражуваат светот на науката на практичен начин.
  • Работните тетратки им помагаат на учениците со активностите на часот, а воедно ги охрабруваат на независна работа и надвор од училиштето.

Компонентите од програмата по математика  во издание на Арс Ламина публикации се напишани во универзален контекст и се прилагодени за употреба во Македонија.  Учебниците и работните тетратки, на сите четири јазици на кои што се изведува наставата во основното образование (македонски, албански, турски и српски јазик) се одобрени од Меѓународниот центар за испити на Кембриџ.

Компонентите од програмата по природни науки вклучуваат:

 Ниво (одделение)ЈазициБр. на производи во палетата
Работни тетратки1, 2, 3МК, АЛ,  ТР, СР12
Учебници1, 2, 3МК, АЛ,  ТР, СР12
Прирачници за наставниците1, 2, 3МК3
Тематски читанки1, 2, 3МК18
Онлајн ресурси0, 1, 2, 3, 4, 5+МКпостојано се надополнува