Изданијата од програмата по МАТЕМАТИКА според програмата на Кембриџ претставуваат прогресивна шема која развива севкупно разбирање на математиката, почнувајќи од раните години, па сè до крајот на основното образование

МАТЕМАТИКА Компоненти

МАТЕМАТИКА Компоненти

Изданијата од програмата по математика од Nelson Thornes, дел од Oxford University Press, а преведени и адаптирани од страна на Арс Ламина публикации, претставуваат прогресивна шема која развива севкупно разбирање на математиката, почнувајќи од раните години, па сè до крајот на основното образование.

Во нив се развиени содржини согласно општите и конкретните цели на адаптираната наставна програма по математика за деветгодишно основно образование, донесена од Министерството за образование и наука на Република Македонија, и се содржани сите теми и поими предвидени со истата, а според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ (Cambridge International Examinations).

Поткрепувајќи ја содржината со решавање задачи, оваа шема им дава можност на децата да применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени, иновативни и ангажирани ученици, уште од најрана возраст.

Компонентите од програмата по математика во издание на Арс Ламина публикации се напишани во универзален контекст и се прилагодени за употреба во Македонија. Учебниците и работните тетратки, на сите четири јазици на кои што се изведува наставата во основното образование (македонски, албански, турски и српски јазик) се одобрени од Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Тие ги покриваат првите шест одделенија од деветгодишното основно образование, како и подготовката за предучилишна возраст.

Компонентите од програмата по математика вклучуваат учебници и работни тетратки, прирачници за наставницитекомплети дидактички материјали (математички флеш-картички и работни листови), збирки задачи со тестови и активности, а достапни се и дополнителни бесплатни онлајн ресурси за наставниците.

Компонента Ниво (одделение) Јазици Бр. на производи во палетата
Работни тетратки 0, 1, 2, 3, 4, 5, 6 МК, АЛ,  ТР, СР 42
Учебници 3, 4, 5, 6 МК, АЛ,  ТР, СР 16
Прирачници за наставници и за воспитувачи 0, 1, 2, 3, 4, 5, 6 МК, АЛ 13
Дидактички материјали и збирки задачи со тестови 0, 1, 2, 3, 4, 5, 6 МК 18
Бесплатни онлајн ресурси 0, 1, 2, 3, 4, 5, 6+ МК постојано се надополнува