Примена и активности за табелата со броеви 1-100

За практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.
Илустрирана табела со броеви можете да најдете во комплетот работни листови по математика.

Табела со броеви 1-100
Користете ја табелата 10х10 за усно да ги повторите броењето и подредувањето броеви до 100. Ова ќе им помогне на учениците да се справат со поголеми броеви (броеви што содржат повеќе десетки) со кои ќе продолжат да работат и во повисоките одделенија. Секој ред броеви во одредена боја прави една десетка, што ги прави десетките полесни за разбирање и учење.

Учениците нека седат во круг и нека бројат со чекор (прескокнување за) 1, 2, 5, 10. Броењето може да биде брзо, бавно, тивко, гласно. Броењето почнете го со различни броеви (на пример, 29), а учениците нека продолжат. Бројте како нанапред, така и наназад.

Tabela so broevi 1-100

Понатаму оваа активност може да се прошири за повторување на заокружување до најблиска десетка. Кажете им број на учениците (на пример, 43) и побарајте да го покажат бројот од табелата што ја означува најблиската десетка.

Заедно со одделението изберете почетен и краен број. Прашајте колку десетки треба да прескокнете за да дојдете од почетниот до крајниот број. Кој број е на средина помеѓу овие два броја? Дали разликата помеѓу двата броја е помала или поголема од 50? Како може да се провери тоа? И слично.

Играјте ја играта „Погоди го бројот“. Изберете неколку броја, а учениците нека се обидуваат да ги погодат броевите со тоа што ќе поставуваат прашања. Објаснете им дека на прашањата ќе одговарате само со да или не, така што тие би требало да поставуваат прашања како: Дали бројот е поголем од 60? Дали бројот е непарен? Дали бројот е делив со 5? итн. Повторете го ова со различни броеви и, доколку сакате, оставете ги учениците да ја играат играта во групи.

***
Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.

Содржината на оваа страница е достапна само за членовите.
Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да ја прегледате содржината.

Existing Users Log In

3   +   8   =