Активности за утврдување местоположба
За практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.
Илустриран наставен лист со активности за местоположба можете да најдете во комплетот работни листови по математика.
Местоположба
Утврдете ги поимите за местоположба со помош на илустрациите на овој работен лист. Разговарајте со учениците во врска со местоположбата на птицата во однос на предметот, а потоа под секоја слика запишете ја неговата местоположба со збор.
Поврзете ги овие поими и со секојдневието и осигурете се дека учениците разбрале дека местоположбата е релативна, не апсолутна. Затоа прашањата во врска со местоположбата поставувајте ги со посочување на референтна точка, на пример: Што има под масата? Што има над креденецот? Ако ги наредам вака книгите, која е најгоре? Ако ги преместам вака, која е најгоре? итн.
***
Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.
You must be logged in to post a comment.