Примена и активности за годишни времиња
За практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.
Илустриран наставен лист со годишни времиња можете да најдете во комплетот работни листови по математика.
Годишни времиња
Со помош на работниот лист за годишни времиња, можете да ги утврдите имињата и распоредот на месеците во годината. Потоа, објаснете им во кои месеци се паѓа секое од годишните времиња. Разговарајте со учениците околу тоа што се случува во секое годишно време, на пример, во зима врне снег, во пролет расте тревата…
Можете да играте и игра – земете молив и поставете го во средината на работниот лист. Завртете го. Врвот од моливот ќе покаже кон одредено годишно време. Учениците за тоа годишно време треба да набројат што повеќе информации: кои месеци ги опфаќа (кога почнува, а кога завршува), што се случува во тоа годишно време во природата, кои празници ги има тогаш, дали се оди на училиште и сл.
***
Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.
You must be logged in to post a comment.