Бројна низа 1-20: примена и активности
Бројна низа 1-20
за практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите. Илустрирана бројна низа можете да најдете во комплетот работни листови по математика.
Бројната низа 1-20 искористете ја за да проверите дали учениците бројат до 20 и дали правилно ги поредуваат броевите од 1 до 20.
Учениците нека бројат на глас, следејќи ги полињата од бројната низа. Продолжете со работа на конкретниот начин со учениците сè додека не бидете сигурни дека можат да бројат во низа, дека ги препознаваат и изговараат броевите од 1 до 20, дека имаат концепт за тие броеви и дека се свесни за зачувување на бројот.
Искористете ги празните полиња на бројната низа за да поставувате прашања, како на пример:
– Кој број се наоѓа меѓу 2 и 4?
– Кој број е после 8?
– Кој број е пред 13?
– Итн.
Во почетната фаза, доколку имате потреба, можете да впишете (пополните) повеќе броеви во празните бројни полиња, па како што учениците напредуваат во совладувањето на броевите до 20, така бришете го напишаното. Да ве потсетиме, за оваа цел користете обичен фломастер за пишување и обично марамче или сунѓерче за бришење.
Можете да играте и игра во која некои од броевите кои ќе ги впишете ќе бидат погрешно означени. Учениците нека ги пронајдат и нека ги коригираат грешките (неточните броеви нека ги постават на точното место на бројната оска).
Секако, и кај бројната низа можете да ги примените активностите предложени за бројната оска 1-20.
***
Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.
You must be logged in to post a comment.