Примена на домино картички

Домино картички

За практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.

Комплет домино картички
Комплет домино картички

Еден комплет домино картички содржи:

  • Сет од домино картички, вклучувајќи ги сите комбинации од 0 до 9

ИДЕИ ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА И УМСТВЕНИ ВЕЖБИ

Користете ги домино картичките за вежбање задачи со собирање. Извлечете едно домино од комплетот и прашувајте ги учениците:

  • Колку се добива ако соберам … и … заедно?
  • Колку е сè заедно?
  • (Колку и колку) прават?
  • Колку имам сега?

Внимавајте на нивото на учениците – доколку сè уште немаат совладано собирање и одземање над 10, одбирајте само домино картички со збир од точки до 10, па полека воведувајте домино со поголеми збирови.

Вежбајте и со домино картички кои од едната страна имаат празно поле, за полесно да го совладаат концептот на нула:

  • Колку се добива ако соберам … и …?
  • Колку е вкупно?
  • … и … прават?

Можете да изберете и од домино картичките со една нула и да го искористите празното место за да допишете број, односно да го дополните равенството.

  • Што се случува ако додадам …? (впишете број на празното место)

Кој број можам да го додадам за да добијам …?

Изберете картички со домино и составете задача. Учениците нека го решат равенството, пополнувајќи во своите тетратки или на табла, на следниов начин:

domino 1

Можете да подготвите работни листови со повеќе задачи со домино:

domino 2

Истите активности можете да ги направите и со задачи за одземање, но во тој случај внимавајте – свртете го доминото така што пред ученикот лево да биде поставен поголемиот број (доколку се разликуваат), бидејќи на ова ниво сè уште не им е познат концептот на негативни броеви.

Во подоцнежните фази, домино картичките можат да бидат и особено корисни за додавање на уште собироци, за совладување на комутативниот закон, а можат да се употребат и за множење и делење.

Подгответе работни листови како примерот прикажан подолу. Учениците треба да ги поврзат домината од левата колона со домината од десната колона кои имаат ист вкупен број на точки (без разлика на позицијата).

domino 3

Доколку не сте во можност да изработите вакви работни листови, оваа активност можете да ја изведете и на следниот начин: на масата наредете ги домината од левата колона, а учениците нека избираат од комплетот домино картички и до секое од домината на масата нека стават домино со еднаков збир точки.

Користете ги домино картичките за усвојување на бројни парови. Изберете некоја домино картичка. Ученикот нека најде други домино картички чии точки го прават истиот збир како картичката што сте ја задале.

Користете ги домино картичките како подготовка за усвојување на равенствата со собирање до 10. Тоа е важно за учениците да сфатат дека бројот 10 може да биде разложен на различни парови, секој од нив дава вкупно 10, кога ќе бидат собрани меѓусебно. Од комплетите картички, учениците нека ги издвојат што повеќе домино картички со броеви чиј збир прави 10.

Употребете вежба со домино картички за да утврдите бројни парови. Учениците нека изберат од домино картичките оние од кои може да се направат броеви како на пример 6, 7, 9, 10, итн. Нека ги подредат на следниов начин:

domino 4

Дајте им на учениците сет од домино картички со точки само од едната страна. На пример:

domino 5

Вклучете ги сите броеви од 1 до 8. Кажете им на учениците дека половина од точките биле избришани од секое домино, што значи дека само половина се останати. Побарајте од нив да ја нацртаат другата половина.

Потоа нека одговорат:

  • Колку е двојно од 5? Колку е двојно од 3? Колку е двојно од 7? Итн.

Издвојте неколку домино картички со ист број точки од двете страни. Учениците нека кажат колку има вкупно точки. Потоа едниот дел од домино картичката покријте го со хартија, а учениците нека кажат колку останува и објаснете дека тоа е половина од вкупниот број. За утврдување, нека ги гледаат домино картичките со еднаков број на точки од двете страни и нека одговараат на прашања како: Колку е половина од десет? Половина од 12? итн.

  • Колку треба да додадеш на 5 за да добиеш 7? Колку треба да одземеш од 7 за да добиеш 5?
  • Разгледајте ги овие два броја. Кој е полесно да се додаде? Зошто?

Домино картичките можете да ги користите и за активности за проценување. На пример, покажете им едно домино на учениците на 1-2 секунди, а потоа тргнете ја картичката. Нека кажат колку точки има. Наградете го оној кој е најблиску до точниот резултат.

Оваа активност може да варира и со повеќе домино картички и со заокружување на најблиската десетка.

***

Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.

 

 

Содржината на оваа страница е достапна само за членовите.
Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да ја прегледате содржината.

Existing Users Log In