РЕШЕНИЈА на Збирка прашања и задачи со тестови и активности БИОЛОГИЈА 9

РЕШЕНИЈАТА НА ТЕСТОВИТЕ НАМЕРНО НЕ СЕ ДАДЕНИ

Одговорите презентирани овде се само пример!

Тема 1: Фотосинтеза и растење на растенијата

1

2           

          

4             а-4         б-3         в-з          г-5          д-2

5            

               а)            Палисадниот и сунѓерестиот слој.

               б)           За да овозможи продирање на сончевата светлина до слоевите што вршат фотосинтеза.

               в)           За да не бидат директно изложени на сончева светлина. На таков начин се спречува претерано губење вода од растенијата.

               г)            Најмногу хлоропласти има во мезофилот – палисадниот и сунѓерестиот слој.

6

               а)            Коренови влакненца, корен, (кслиемски цевки во) стебло, спроводни снопчиња (жилки) во листот.

               б)           Се апсорбира од зелениот пигмент хлорофил сместен во клеточни органели наречени хлоропласти.

               в)           Реактанти во фотосинтезата се вода и јаглерод диоксид, а продукти се гликоза (шеќер) и кислород.

               г)            Атомите на кислородот што се вградуваат во шеќерот при фотосинтеза потекнуваат од CO2.

               д)           Атомите на кислородот, продукт на фотосинтезата потекнува од  водата.

               ѓ)            Клеточна органела во која што се одвива процесот на фотосинтеза се нарекува хлоропласт.

7           

јаглерод диоксид + вода → гликоза (шеќер) + јаглерод диоксид

8            

               а)            Хлоропласт.

               б)           Оваа клеточна органела ја имаат сите зелени клетки во растението.

               в)           Хлорофил.

               г)            Да ја апсорбира сончевата светлина.

               д)         

               ѓ)            Во текот на денот, кога има сончева светлина.

               е)            Не.

           

Во текот на фотосинтеза, сончевата енергија продира низ тенкиот лист и доаѓа до палисадниот слој на листот во кој се сместени клетки со клеточни органели наречени хлоропласти. Во нив се наоѓа зелен пигмент, хлорофил, чија основна задача е да  апсорбира сончева светлина. Реактанти во процесот на фотосинтеза се јаглерод диоксидот кој навлегува во клетките по пат на дифузија преку стомите сместени на долната страна од листот, и водата која навлегува од коренот, преку стеблото во листовите преку спроводните (ксилемски) цевки. Во хлоропластите, сончевата енергија се користи за хемиска реакција при која од реактантите (CO2 и H2O) се создаваат продуктите на фотосинтеза (скроб/шеќер и кислород). Кислородот го напушта листот преку стомите по пат на дифузија, а скробот (сложен нерастворлив јаглехидрат/шеќер што служи како храна за растението) се дистрибуира до сите делови на растението преку спроводните (флоемски) цевки.

10          

               а)            При фотосинтеза од јаглерод диоксид и вода со помош на енергијата од сонцето се создава гликоза (храна), додека при  дишење, гликозата се разградува до јаглерод диоксид и вода, ослободувајќи ја притоа енергијата складирана во гликозата.

               б)           Хлорофил е молекула која што ја апсорбира сончевата светлина, додека хлоропласт е клеточната органела во која што се наоѓаат молекули хлорофил.

               в)           Клетките од палисадниот мезофил се издолжени и збиено подредени една до друга со мали меѓупростори меѓу нив. Во нив се врши најголемиот дел од фотосинтезата во листот. Клетките од сунѓерестиот мезофил имаат понеправилна форма и помеѓу нив има бројни воздушни простори. Во нив се врши помал дел од фотосинтезата.

11          

               а)            Овој едноставен експеримент често се користи за да се измери брзината на фотосинтеза во водно растение.      

               б) Бројот на меурчиња што се испуштаат во одреден временски период или волуменот на гасот што се собира во одреден временски период ни покажуваат со која брзина се одвива фотосинтезата.

               в)

               г)            Во превртената епрувета се насобрал гас / Нивото на течноста во епруветата се намалило.

               д)           Собирање на гасот во епруветата.

               ѓ)            Кислород. Со внесување на зажарено (запалено па изгаснато) стапче во епруветата. Ако е кислород, стапчето повторно ќе пламне бидејќи кислородот го поддржува горењето.

               е)            Во експериментот на Ана, побавно ќе се собира гас во епруветата бидејќи фотосинтезата се одвива побавно на пониски температури.

              ж)          Оние кои ја доближиле светилката до садот бидејќи брзината на фотосинтезата зависи од интензитетот на светлина.

12          

               а)            Затоа што за веродостоен (фер) експеримент потребно е да се менува само една променлива.

               б)           Со зголемување на интензитетот на светлината, во растението побрзо се одвивала фотосинтезата.

               в)           Со зголемување на температурата на водата, и брзината на фотосинтезата се зголемувала. Откако температурата на водата достигнала околу 60 °C, фотосинтезата се намалила.

               г)            На вториот график е прикажана зависноста на фотосинтезата од температурата. На повисока температура (>35 °C) ензимите одговорни за фотосинтеза денатурираат (се инактивираат) и фотосинтезата опаѓа.

13          

            а)

           б)

Затоа што драстично отстапува од другите две мерења.

               в)           Линиски графикон.

               г)            Од графиконот се забележува дека со зголемување на интензитетот на светлината, се зголемува волуменот на произведен кислород – продукт на фотосинтезата.

               д)           Поголем интензитет на светлината предизвикува поинтензивна фотосинтеза, а како резултат на тоа и поинтензивно создавање на продукти т.е. кислород.

14          

               а)           

               б)           Со зголемување на растојанието на изворот на светлина до епруветата со растението, интензитетот на фотосинтеза се намалува.

               в)         

Околу 85 меурчиња.

               г)            Даниел може да го собере гасот и да го тестира со вжарено дрвце.

               д)           Независната променлива е растојание на ламбата од епруветата, а зависната променлива е бројот на меурчиња во една минута.

15          

               а)            Од 6-12 часот, осветленоста расте, во 12 часот е најголема, од 12-18 часот осветленоста опаѓа.

               б)           Од 6-12 часот, количеството на јаглерод диоксид се намалува, во 12 часот е најмало, од 12-18 часот количеството на јаглерод диоксид повторно расте.

               в)           Кога осветленоста е поголема, количеството на јаглерод диоксид се намалува. Тоа е така бидејќи при поголема осветленост, се зголемува брзината на фотосинтеза која користи јаглерод диоксид како реактант за хемиска реакција..

               г)            Сите графици го опишуваат процесот на фотосинтеза.

16           

             а)          

                б)           Листот се става во зовриена вода за да се разложат клеточните мембрани за да може јодниот раствор да дојде до скробот во клетките. Потоа листот се става во епрувета со етанол и епруветата се става во сад со топла вода при што етанолот почнува да врие. На тој начин зелената боја ќе излезе од листот со што многу полесно ќе се гледа бојата на јодниот раствор.  Листот се потопува во ладна вода за да се отстрани етанолот и листот да омекне. Со нанесување јоден раствор на листот. Деловите што содржат скроб се бојат сино-црно.

                в)           Листот ќе се обои жолто-кафеаво бидејќи во темно не се врши фотосинтеза и создавање на шеќери (и скроб), туку целиот создаден скроб се троши за одржување на растението во живот.

17          

               а)            Боја/бранова должина на светлината.

               б)           Број на меури – брзина на фотосинтеза.

               в)           Растојание од светилка до растение, интензитет на светлина, , вид на листови и нивна големина, температура на средината, видот на светилката, време за кое вршела мерење.             

               г)            

               д)       

 

             ѓ)            Фотосинтезата се одвива со најголем интензитет кога растението е осветлено со црвена светлина. Потоа со сина, бела, а најмала фотосинтеза има при осветлување со зелена светлина.

               е)            За да се потроши целосно веќе создадениот и складиран шеќер (скроб).

               ж)          Тест со јод – Луголов тест         

              з)            Позитивен тест (има скроб) – виолетово.  Негативен тест (нема скроб) – жолто-кафеаво обојување.

               ѕ)            Листот од растението во епрувета со црвен филтер.

18         

 

19           

               а)

               б)           Се враќаат назад во почвата. Детритиворите ги разградуваат големите молекули до помали што други организми (и растенија) можат повторно да ги користат.

20        а-2         б-1         в-4         г-3

 21          

Поголеми температура,  интензитет на светлината и концентрација на јаглерод диоксид ја забрзуваат/забавуваат фотосинтезата. „Фото“ значи сонце/светлина, а „синтеза“ значи спојување/разложување. Минералната сол потребна на растенијата за создавање на хлорофил е манган/магнезиум. Нитратите се важни за создавање на протеини/масла во растението, а калиумот е важен за изградба на шеќери/ензими. Доколку листовите на растението имаат црвеникава боја, тоа растение има недостаток од калиум/фосфор.  Недостаток од калиум/калциум во растенијата се препознава по престанување на растот на растението и појава на мртви точки на површината на листовите. За синтеза на ДНК и клеточни мембрани, на растението му е потребен фосфор/магнезиум.           

22          

               а)            Растенијата од Б се мали и жолти. Растение што не добива доволно нитрати, не може да произведе доволно протеини, па не може да порасне правилно. Нитратите се потребни и за создавање хлорофил. Ако растението нема доволно нитрати, тоа е жолто, наместо зелено.

Растенијата од В немаат доволно калиум при што листовите стануваат жолти со мртви точки, растењето запира и растението венее.

Растенијата од Г развиваат нежни и млитави листови, а зелената боја постепено поминува во црвенкава до кафеавоцрна.

               б)           Епруветата А служи како контрола за споредување на другите резултати.

               в)           Затоа што различни растенија имаат различни потреби од минерали. Ако знаат каков состав има почвата, ќе знаат и кој минерал треба да се додаде за оптимален раст и развој на одгледуваните култури.

23         

 

 

Тема 2: Полово размножување кај цветните растенија

1            

               а)          

               б)           Органи за размножување на цветните растенија. / Репродуктивни органи.

               в)           Машките репродуктивни органи на цветот се прашниците. Секој прашник е изграден од прашничка кеса и прашнички конец. Женскиот репродуктивен органи на цветот е плодникот (толчникот). Секој плодник е изграден од устенце (стигма / жиг), столпче и плодница.

               г)            Машките полови клетки (гамети) се сместени во прашничките кеси на прашниците. Женските гамети се сместени во семеновите зачетоци во плодницата на толчникот.

               д)           Чашкините ливчиња.

               ѓ)            Слатка шеќерна течност што ги привлекува инсектите.

               е)            Во основата на венечните ливчиња.

2            

               а)            Сите модели треба да имаат ист изглед и големина, и да бидат направени од ист материјал.

               б)           Шеќер или мед.

               в)           Сите модели треба да бидат поставени на еднаква оддалеченост од кошниците.

               г)          

                д)         

               ѓ)            Не. Резултатите од истражувањето кажуваат дека жолтите цветови привлекуваат најмногу пчели, па белите, па сините, а црвените цветови привлекуваат најмалку пчели.

3           

               а)            Машките гамети се нарекуваат полен, а женските гамети се јајце-клетките во семеновите зачетоци.

               б)           Во семеновите зачетоци во плодницата.

               в)           Во прашничките кеси на прашниците.

               г)            Полен – машки полови гамети.

               д)           За да може поленот лесно да се залепи за устенцето.

 4             Пренесувањето на поленот од прашничката кеса на еден цвет, до устенцето на друг цвет се нарекува опрашување. Кога поленот од еден цвет ќе падне на устенцето од ист цвет, тоа се нарекува самоопрашување. Вкрстено опрашување е кога поленот од еден цвет ќе стигне до друг цвет.

5             Пеперуги, птици, пчели, молци….

6             Релативно големи цветови, венечни ливчиња во светли бои што ги привлекуваат инсектите. Дезен на венечни ливчиња што привлекуваат инсекти и ги водат во цветот (понекогаш тие се во боја, понекогаш се ултравиолетови што е невидливо за луѓето но видливо за инсектите). Некои цветови произведуваат мирис за да привлечат инсекти. Тие можат да бидат пријатни или можат и да мирисаат на месо што скапува или измет за да привлечат муви за опрашување на цветовите. Некои цветови произведуваат нектар, слатка шеќерна течност што ги привлекува инсектите да се хранат од неа. Прашниците се чуваат во цветот за инсектите да се истријат од нив кога влегуваат во цветот. Некои цветови имаат многу комплексна структура што ги турка прашнички кеси кон инсектите. Прашниците создаваат големи, боцкави или лепливи поленови зрна што се лепат за телесните влакна на инсектите што ги посетуваат цветовите.

7             Растенијата што се опрашуваат со ветер обично немаат дефинирани цветови, но кога имаат, тие се мали, немаат мирис или нектар, произведуваат големи количини на мазни, лесни поленови зрна. Прашниците и устенцата се изложени надвор од цветот за да бидат изложени на ветрот.

8         

9             4 вида полен.                  

               а)            Оние кои се опрашуваат со помош на инсекти.

               б)           Полесно се закачуваат за животни и предмети и се разнесуваат на поголеми растојанија.

               в)           Оние кои се опрашуваат со помош на ветер.

               г)            Можат лесно да се пренесат со ветрот на големи далечини.

10         

11         

12           

а)          

б)           Кога поленот од еден цвет ќе падне на устенцето од ист цвет, тоа се нарекува самоопрашување. Вкрстено опрашување е кога поленот од еден цвет ќе стигне до друг цвет.

в)         

13         

14          

               а)            Оплодување.

               б)         

               в)           6, 4, 9, 3, 5, 7, 1, 4, 8, 2

15          

а) Семеновиот зачеток се преобразува во семе.

б) Венечните ливчиња и прашниците отпаѓаат од цветот.

в) Плодницата (овариумот) се претвора во плод, додека устенцето и столпчето венеат.

забелешка: Чашкините ливчиња исто така можат да отпаднат, но понекогаш, како кај доматот, тие можат да останат на растението.

16          

               а)          

               б)         

17          

               а)            Внатрешноста на плодот.

               б)           Структура што ги содржи семињата.

               в)           Расејување на семе, заштита на семето, обезбедување минерални материи за семето

18         

19         

20         

 21

               а)              

               б)           Расејувањето на семињата помага да се избегне натпреварувањето со родителското растение.

               в)           Затоа што им овозможуваат на семињата да поминат големи растојанија од родителското растение.

22         

23         а-4          б-3           в-1            г-5          д-2

24 

25         

 

 

Тема 3: Размножување и растење кај човекот

 

1           

2           

3           

4            

Сперматозоидите се создаваат во тестисите. Преку семеводите доаѓаат до мочниот канал (уретра). Во семеводот се излева течност произведена во семените меурчиња и простатата што е богата со шеќери што обезбедува енергија за движење на сперматозоидите.

Јајце-клетките се создаваат во јајчниците. Кај возрасните жени, за период од еден месец, созрева и се исфрла најчесто една јајце-клетка од едниот јајчник. Тоа се нарекува оплодување. Исфрлената јајце-клетка ја прифаќа еден од јајцеводите во чии ѕидови се присутни ресести структури наречени цилии. Тие ја движат јајце-клетката од јајчникот до матката. Доколку се присутни сперматозоиди, може да настане оплодување во јајцеводот. Оплодената јајце-клетка (зигот) се спушта до матката . Тука се вгнездува во ѕидот и почнува да се развива во бебе.

5            

                а)          

                б)            Гамети.

                в)            Сперматозоид: глава − јадро со 23 хромозоми, врат – мало количество цитоплазма и многу митохондрии за енергија, опашка − за движење.

                                Јајце-клетка:  јадро со 23 хромозоми, цитоплазма со резерви на храна за снабдување на евентуалниот зигот до негово вгнездување во ѕидот на матката, мембрана на површината со заштитен слој. (ознаки на сликата под а)

                г)            Шилеста глава за полесно движење. Опашка која со камшиковидно движење го придвижува сперматозоидот.

                д)            Со помош на трепките од трепчестите клетки на ѕидот од јајцеводот.

                ѓ)            (веќе опишано во погорните барања)

                е)            Повеќето сперматозоиди изумираат на својот пат до јајце-клетката. Затоа е потребен голем број на вакви клетки за да се осигури дека барем неколку од нив ќе стигнат до крајната цел.

                ж)           Семеник, натсеменик, семевод, простата, мочен канал (пенис), вагина, цервикс, матка, јајцевод.

6            

                а)            Оплодување.

                б)            јајце-клетка  +  сперматозоид  =  зигот

                в)            1. Сперматозоидот се доближува до јајце-клетката. 2. Сперматозоидот ја разложува заштитната обвивка на јајце-клетката. 3. Главата на сперматозоидот навлегува низ цитоплазмата на јајце-клетката. 4. Јадрото на сперматозоидот се спојува со јадрото на јајце-клетката.

 7             4 1 6 3 2 5

8            

                а)            Се вгнездува во ѕидот на матката и почнува да се развива во бебе.

                б)            Повеќето јајце-клетки не се оплодуваат. Тие едноставно го продолжуваат својот пат низ јајцеводот, додека на крајот не изумрат.

9            

                а)            Во случај јајце-клетката да биде оплодена, матката мора да биде подготвена. Ѕидот на матката станува дебел и сунѓерест, подготвен да го прими ембрионот.

                б)            Доколку јајце-клетката не се оплоди, дебелиот ѕид на матката веќе е потребен. Тој се лупи и се губи низ вагината. Кај возрасните жени, овој процес трае околу пет дена и се случува еднаш месечно. Лупењето и губењето на ѕидот на матката низ вагината се нарекува менструација.

10          

Менструален (месечен) циклус претставува месечно повторување на последователно задебелување и лупење на ѕидот на матката. Трае околу 28  дена. Јајце-клетката созрева во јајчникот и по околу две недели се ослободува во јајцеводот . Во исто време се задебелува ѕидот на матката. Ако јајце-клетката се оплоди, таа ќе се вгнезди во ѕидот на матката  и ќе продолжи да се развива. Ако јајце-клетката не се оплоди, ѕидот на матката се лупи и губи преку вагината во вид на крвавење. Лупењето и губењето на ѕидот на матката низ вагината се нарекува менструација и обично трае 5-6 дена.

11          

Јајчници

                а)            Во нив созрева јајце-клетка.

                б)            Графовата фоликула. Таа лачи естроген што го условува задебелувањето на ѕидот на матката (ендометриумот).

                в)            Фоликуларна фаза.

                г)            Пукање на Графовата фоликула и исфрлање на зрела јајце-клетка во јајцеводот. Овој процес се нарекува овулација.

                д)            Празната Графова фоликула се трансформира во жолто тело.

                ѓ)            Лутеална фаза.

                е)            Жолто тело. Тоа лачи прогестерон што има задача да ја стимулира матката да ја прифати оплодената јајце-клетка во задебелениот ѕид.

 

Матка

                а)            Ендометриумот се лупи.

                б)            Менструација.

                в)            Ѕидот повторно се обновува.

                г)            Пролиферативна фаза.

                д)            Ѕидот се задебелува.

                ѓ)            Секреторна фаза.

 

Хормони

                а)            Естрогенот се лачи од Графова фоликула и од јајчниците. Овој хормон го контролира задебелување на ѕидот на матката и го регулира менструалниот циклус. Естрогенот достигнува највисоко ниво околу овулација.

               б)            При овулација.

                в)            FSH се лачи од хипофиза. Стимулира созревање на јајце-клетка и Графова фоликула и стимулира секреција на естроген. Во текот на менструалниот циклус има релативно исто ниво, со максимални вредности некаде пред овулација.

                г)            Се намалува. Намалува ниво на естроген.

                д)            LH се лачи од хипофиза. Има улога да стимулира појава и развој на жолто тело и овозможува овулација. Максимално ниво достигнува непосредно пред овулација, потоа опаѓа.

                ѓ)            Жолтото тело настанува околу 20-тиот ден од циклусот. Тоа настанува од празната Графова фоликула.

                е)            Прогестерон.

                ж)           Задебелување на ѕидот на матката, спречува исфрлање на јајце-клетка (поддржува појава на бременост), спречува созревање на нова Графова фоликула.

                з)            Во време по настанување на жолто тело. Затоа што тоа го излачува хормонот.

                ѕ)            Ако дојде до оплодување на јајце-клетката нивото на прогестерон ќе се одржува високо. Високото ниво на прогестерон спречува созревање на нова јајце-клетка.

                и)           Ако не дојде до оплодување на јајце-клетката нивото на прогестерон ќе опадне и ќе настапи менструација.

                ј)             Прогестерон и естроген.

12         

13          

                а)          

                б)            Три дена пред овулацијата (14-3 = 11 ден од циклусот).            

                в)            Затоа што при менструација се губи крв, а со тоа и железото од хемоглобинот присутен во еритроцитите од крвта.

14                          

                а)            Не. Сперматозоидите можат да преживеат околу 3 дена во телото на жената (значи до околу 17-18 јуни, а зрела јајце клетка би се исфрлила дури на 21 јуни.

                б)            Да. (објаснето под а)

                в)            4 јули.

15                          

                а)            1 – овулација, 2 – оплодување (фертилизација), 3 – имплантација (вгнездување на зигот во матка).

                б)          

                в)            Со помош на нивната опашка.

                г)            Јајце–клетката самата не може да се движи. Таа се движи со помош на трепките од трепчестите клетки на ѕидот од јајцеводот. Тие се движат напред – назад и ја туркаат јајце-клетката низ јајцеводот.

                д)            Оплодување е спојување на сперматозоидот со јајце-клетката и најчесто настанува во јајцеводот.

                ѓ)            Еден сперматозоид.

                е)            Поголемиот дел од нив изумираат од различни причини.

                ж)           Зигот.

                з)            Со бројот 4 е означен зигот.  Моментот на формирање на зигот се нарекува зачнување.

                ѕ)            Кога ембрионот ќе се вгнезди во ѕидот на матката, жената станува бремена.

16           /

17          

                а)            Контрацептивни средства се средства кои спречуваат несакана бременост.

                б)            Тие спречуваат настанување на бременост (некои спречуваат навлегување на сперматозоиди во телото на жената, некои спречуваат овулација, а други пак ги убиваат навлезените сперматозоиди).

                в)          

18          

                а)          

                б)            Зиготот почнува да се дели за да формира две клетки, потоа четири и така натаму и прераснува во ембрион. Ембрионот се вгнездува во дебелиот, сунѓерест ѕид на матката.

                д)            Од резерви на храна во оплодената јајце-клетка.

                е)            Фетусот постојано расте и продолжува да се развива. Поинтензивно се движи.

                ж)           Фетусот се снабдува со храна и кислород од привремениот орган наречен плацента. За плацентата фетусот е поврзан со папочна врвца.

                з)            По 38-та или 39-тата недела.

19          

                а)            Идентични близнаци се добиваат кога зиготот ќе се подели на два идентични дела кои потоа продолжуваат да се развиваат независно еден од друг во матката на мајката. Ваквите близнаци се генетски идентични. Тие секогаш се од ист пол. Прикажани се на сликата 2.

                б)            Неидентични близнаци се добиваат како резултат на созревање и овулација на две или повеќе јајце-клетки истовремено. Доколку бидат оплодени, секоја од нив ќе даде ембрион кој ќе се развие во бебе. Бебињата се со сопствена генетска гарнитура и не се идентични меѓу себе. Неидентичните близнаци можат да бидат машки и женски и да не личат помеѓу себе.

20           Плацента.

21         

22           32514

23          

                а)            Матка (ѕидот).

                б)            Одржување на бременоста.

                в)            Јаглерод диоксидот и другите продукти на метаболизмот преминуваат во крвта на мајката.

                г)            Треба да се внесува разновидна храна, богата со енергетски и хранливи материи, витамини и минерали. Особено е важно во текот на бременоста мајката да внесува доволни количини на витамини, железо, магнезиум, калциум, фолна киселина и слично, за да ги надополни зголемените потреби од овие состојки заради растот на плодот.

                д)            Алкохол, дроги и лекови, јаглерод моноксид од цигарите итн…

                ѓ)       

24          

а)            Кариотип – збир од сите хромозоми на една личност.

б)            Хромозоми.

в)            23 во јајце-клетката, 23 во сперматозоидот.

г)             46 во зиготот, 46 во сите телесни (соматски) клетки.

ѓ)             Полови хромозоми.

ж)           Хомологни хромозоми.

з)            Исти по форма, големина и должина.

ѕ)             Со броеви од 1-22.

ј)              Половите хромозоми.

к)            Женски пол.

љ)            Машки пол.

н)            По еден полов хромозом.

њ)            Таткото.

о)            Вкупниот збир на надворешните карактеристики управувани под дејство на гени.

25

                а)          

                б)            Бактериските болести се лекуваат со антибиотици, за некои има вакцини како превентивна мерка. За ХИВ вирусот уште нема лек.

                в)            Редовни посети на гинеколог или уролог, апстиненција, користење презерватив итн.

26         

 

 

Тема 4: Дишење и крвоток

 

1            

а)   

б) 

 в)  Дишењето претставува стегање и опуштање на мускулите (меѓуребрените мускули и дијафрагмата).

 г)  Меѓуребренети мускули и дијафрагмата. 

2            

а)
A – трепчестите ептелни клетки / цилијарни клетки / клетки со цилии;
Б – клетки што лачат мукозна течност (слуз)

б) Клетките А се трепчести клетки чиишто трепки се микроскопски влакна што се движат напред-назад со што го пренесуваат мукозниот секрет кон врвот на душникот, каде што навлегува во устата и потоа се голта. Трепките ги туркаат нечистотиите кон грлото од каде се отстрануваат со кивање, кашлање или издувување од носот.

в) Клетките Б лачат слуз што ги лепи честичките од прашина и бактериите што успеале да навлезат во респираторниот систем.

3
Дишењето претставува стегање и опуштање на меѓуребрените мускули и дијафрагмата. Дишењето се состои од две фази: вдишување и издишување.
На сликата 1 е прикажано стегање на меѓуребрените мускули и на дијафрагмата. На тој начин ребрата се креваат нагоре и странично, а дијафрагмата се спушта. Просторот во градниот кош се зголемува. Притоа се зголемува и волуменот на белите дробови поради што се намалува гасниот притисок во нив. Затоа воздухот се движи навнатре. Тоа се нарекува вдишување.
На сликата 2 е прикажано опуштање на меѓуребрените мускули и на дијафрагмата. Ребрата се движат надолу, а дијафрагмата повторно се свиткува/крева нагоре. Тоа доведува до намалување на волуменот на белите дробови. Притоа, гасниот притисок се зголемува и воздухот се движи нанадвор. Ова се нарекува издишување.

 4           

5             3 1 5 2 4

6

а)            Затоа што толкава е застапеноста на кислородот во атмосферата.

б)            0,04 %

в)            Затоа што телото произведува јаглерод диоксид како отпаден продукт кој се исфрла од телото преку дишењето.

г)            Затоа што овој гас не зема учество во животните процеси на организмите.

7            

а)            Во А.

б)            Волуменот на издишаниот гас во периодот Б се зголемил издишаниот воздух бидејќи бели дробови се намалиле.

в)            Волуменот на вдишаниот гас во периодот В се зголемил вдишаниот воздух бидејќи бели дробови се зголемиле.

г)            Човекот веројатно дувал во свеќа во Б – зголемен волумен на издишан воздух поради намален волумен на бели дробови.

д)            Човекот длабоко вдишал во В – зголемен волумен на бели дробови значи зголемен волумен на вдишан воздух.

8            

а)            За добивање енергија во процесот на аеробно дишење.

б)            Енергија.

в)            Со аеробна респирација.

г)            Хемиска реакција во која  гликозата реагира со кислородот при што како продукти се добиваат јаглерод диоксид и вода. Притоа се ослободува неопходната енергија којашто клетките може да ја користат.

д)          

ѓ)            Во сите живи клетки, во клеточна органели митохондрии.

9            

а)            Фотосинтеза.

б)            Во хлоропласти.

в)            Шеќер / гликоза и кислород.

г)            Дишење / аеробна респирација / клеточно дишење.

д)            Во митохондрии.

ѓ)            Апсорбирана светлинска енергија.

е)            Кислородот доаѓа во крвта од воздухот што се вдишува во белите дробови преку размената на гасови во алвеолите. Потоа тој се движи во клетките од крвта во капиларите.

ж)           Гликозата доаѓа во крвта од тенкото црево. Таа се движи кон клетките од крвта во капиларите.

з)            Ослободена хемиска енергија – за раст и развој, движење, одржување телесна температура, складирање на енергија и сл….  Животни процеси на клетките.

ѕ)            Во топлинска енергија.

и)            Јаглерод диоксид и вода.

ј)             Јаглерод диоксидот ги напушта клетките и оди во крвта во капиларите. Тој се носи до белите дробови и се испушта во воздухот во алвеолите што се издишува и се отстранува од телото. Водата останува во клетките зашто е корисна.

10          При вежбање, на мускулите им е потребно повеќе енергија од обично. Како и сите други клетки, мускулите се снабдуваат со енергија при процесот на респирација. Колку понапорно/потешко/повеќе работат мускулите, толку побрзо респирираат. За респирација потребни се кислород и гликоза со кои клетките се снабдуваат преку крвоносниот и респираторниот систем. Поради тоа, при вежбање или напорна физичка работа, дишењето и чукањето на срцето забрзуваат.

 11         

12          

Секое белодробно крило е составено од милиони мали воздушни кесички наречени алвеоли поради што белите дробови имаат сунѓерест изглед. Тие се исполнети со воздух и опкружени со бројни капилари низ кои постојано циркулира крв.
Алвеолите претставуваат основна функционална единица на белите дробови. Во нив, по пат на дифузија, кислородот преминува од воздухот во крвта, додека јаглерод диоксидот преминува од крвта во воздухот. Овој процес се нарекува размена на гасови. На тој начин, респираторниот и циркулаторниот систем се тесно поврзани во својата функција.
Алвеолите имаат многу тенки ѕидови, така што воздухот и крвта се во многу близок контакт. Алвеолите им даваат на белите дробови голема површина за размена на гасовите што ни се потребни.

13          

а) и б)

в)            Со дифузија.

г)            Од срцето што собрало крв од сите клетки во телото.

д)            Во позиција 1 има малку кислород и многу јаглерод диоксид, а во позиција 2 – малку јаглерод диоксид и многу кислород.

ѓ)            Кислородот се врзува за хемоглобин. Оксихемоглобин.

е)            Оксидирана крв.

ж)           Јаглерод диоксидот се раствора во течниот дел од крвта што се нарекува крвна плазма.

14          

а)         

1 – крв од сите делови на телото, богата со јаглерод диоксид оди кон срцето
2 – крв со јаглерод диоксид во десна комора
3 – крвта од десна комора, преку белодробни артерии се носи до бели дробови
4 – размена на гасови во алвеоли. Јаглерод диоксидот од крвта по пат на
5 – крв богата со кислород преку белодробни вени се спроведува до лева страна на срцето
6 – оксидирана крв во лева комора
7 – оксидирана крв се разнесува до сите делови на телото
8 – клеточно дишење (аеробна респирација) во сите клетки на телото

б) Низ десна страна.
в) Белодробни артерии.
г) 4 – алвеоли во бели дробови
д) Белодробни вени.
ѓ) Низ лева страна.
е) Кислород и гликоза.

8

а)           За клеточно дишење (аеробна респирација) во сите клетки на телото

б)            Низ десна страна.

в)            Белодробни артерии.

г)           4 – алвеоли во бели дробови

д)           Белодробни вени.

ѓ)            Низ лева страна.

е)            Кислород и гликоза.         

15          

а)            Отежнат, дури и невозможен заради процесот на дифузија.

б)            Намалено снабдување со кислород, отежнато дишење, отежнато изведување на физички активности.

в)            Ќе се намали.

16         

 

 

Тема 5: Екологија

1            

а)            Костреш.

б)            Нема 6 нозе, нема пердуви, има крлушки, има жабри.

в)

г)            Ему.

д)            Нема 6 нозе, има пердуви.

ѓ)          

2            

а)            Црв, пеперуга, пајак, бубамара.

б)            Еж, врапче, верверица, желка.

в)            Еж, верверица.

г)           

  • 1б, 5а, 6б,7б
  • 1а, 2а, 3б

3          

4            

а)

 5             Индивидуален одговор.

6           

Еколозите се научници кои ги проучуваат живите организми и нивната животна средина. За да ги проучат растенијата и животните, тие собираат примероци односно ги колекционираат. При тоа, еколозите треба да внимаваат да соберат голем број примероци и собирањето да го направат по случаен избор. Една од методите за собирање примероци е метод на квадратна рамка.

 

7            

а)            Барата 1, најоддалечената од морето.

б)            Популацијата на школки се зголемува.

в)            Популацијата на морски полжави се намалува.

г)            Школките. затоа што кога во барата има поголем број морски ѕвезди, бројот на школките е мал.

д)            Затоа што барите 1 и 2 се најкратко време потопени со вода.

ѓ)            Затоа што нема храна.

8            

Организмите се приспособиле на различните услови за живот во местото каде што живеат. Местото во кое живее организмот е негово живеалиште. Пустинските животни имаат боја на телото како песокот, а фоките имаат форма на телото приспособена за пливање. Поларната мечка преживува благодарение на дебелото крзно.

9            

a–1    б–2    в–3       г–1      д–1     ѓ–1       е–2       ж–3

10         

 

11          

а) и б)   Пример одговор:

Жирафа: Има долг врат за да ги дофати листовите на високите дрвја. Имаат долг и рапав јазик со помош на кој можат да ги откинат листовите од дрвјата. Крзното е со шари што му овозможуваат на животното да се сокрие во живеалиштето (Африканската савана). Имаат ресеста опашка за бркање на мувите.

Лав: Имаат јаки и мускулести задни нозе со помош на кои можат брзо да трчаат за да го стигнат и уловат пленот. Крзното и гривата им помагаат да се сокријат во живеалиштето. Гривата околу главата и вратот го заштитуваат животното кога два мажјака се борат. Имаат добар вид за ноќен лов.

12          

а)            Добар слух.

б)            Бесшумно летање.

в)            Боцките ги спречуваат животните да го изедат растението, задебелени стебла како резервоари на вода, длабоки корени, редуцирани листови за да се спречи/намали загубата на вода.

г)            Губење на листовите.

д)            Менување на бојата на пердувите од кафеаво-сиви во бели.

ѓ)            Ноќна активност, кога температурите се пониски.

 13          

а)            мазни вретеновидни тела: за лесно движење/лизгање по мразот и низ водата

б)            обојување на тело: им овозможува да бидат помалку видливи за предатори

в)            сало: дејствува како изолатор за заштита на внатрешни органи од студ. Овозможува и поголема пловност на телото во вода.

г)            перки: за лесно движење по мразот и пливање во водата

д)            циркулација на крв: одржување телесна температура во студени услови, намалувајќи губење на топлина. Кога се под вода, циркулацијата се модифицира за да им овозможи помало чувство на болка и замор.

ѓ)            очна мембрана: заштита на око под вода

е)            способност за задржување здив: им овозможува да нуркаат долго време под вода без да земат воздух

14          

а)            Сплескано тело и вкопување во песок. На тој начин се кријат од непријателите.

б)            Изразеното сетило за мирис и отровна боцка на опашот.

15          

а)            Квадратна рамка има форма на квадрат што се поставува на површината на земјата и потоа се собираат и се обележуваат посакуваните организми што ќе се најдат во неговите граници. Местото на поставувањето на квадратната рамка мора да биде по случаен избор. Доколку местото е одбрано со намера, резултатите нема да бидат веродостојни и точни и ќе изгледа дека еколозите влијаат на нив. Еден од начините за да се обезбеди случаен избор на површина за истражување е да се фрли рамката зад нас преку глава. Потоа се собираат сите организми и се забележуваат видовите и бројот на видовите што се во рамката. Оваа  постапка на случајно поставени рамки се повторува повеќепати, а собраните резултати служат за да се добие податок за распространувањето на видовите.

б)          

в)

г)           Затоа што за видот А било премногу темно за да порасне и преживее.

д)         Затоа што за видот Б било премногу светло (преголем интензитет на светлина) за да порасне и преживее.

16

а)          

б)            /

в)            Затоа што има поголем извор на храна и затоа што организмите се позаштитени од долната страна на трупците.  

17          

Дождовните црви, некои ларви на инсекти, габи, мувли и бактерии се нарекуваат разградувачи или сапрофаги. Тие се хранат со мрви тела и остатоци/отпадни материи од растенијата и животните. Смесата од изумрена органска материја во фаза на распаѓање под дејство на разградувачи се нарекува компост/ хумус/ детритус.  Со помош на ензими, разградувачите ги разградуваат големите молекули од органската материја до мали молекули кои повторно можат да се искористат од живи/други организми.  На тој начин, разградувачите овозможуваат кружење/рециклирање на материите во природата.

18           Со разградување на мртвите тела и отпадот, разградувачите овозможуваат атомите од мртвите организми повторно да се искористат од други живи организми. Воедно, ја чистат природната средина од мртвата органска материја, кој во нивно отсуство, само би се акумулирала.

 

 

Тема 6: Влијанија на човекот врз животната средина

1           

2           

3            

а)            Достапност на доволно храна, отсуство на предатори,  отсуство на болести.

б)            Топлина и светлина, достапност на вода, хранливи материи, присуство на растенојадни животни, натпревар за ресурси (светлина, вода, хранливи материи).

4             

а) Популацијата се менувала така што имало неколку години со голем број на единки, по што следеле години со мал број единки.

б) Популацијата на рисовите исто се менувала така што имало неколку години со голем број на единки (но со помала бројност од зајаците), по што следеле години со мал број единки.

в) Периодите со висока бројност на рисовите заостанува малку зад периодите со висока бројност на зајаците.

г) Може да се земе за точно само доколку во живеалиштето зајаците се единствен извор на храна за рисовите. Во друг случај, рисовите може да се хранат со некој друг вид животно, па бројноста на нивната популација да влијае врз бројноста на рисовите.

5            

а) Популацијата на парамециумот пораснала малку подоцна.

б) Затоа што квацесот служи како храна за парамециумот. Повеќе храна значи подобар раст, развој и размножување на популацијата парамециум.

в) Популацијата на парамециумот опаднала малку подоцна.

г) Популацијата парамециум се хранела со квасецот побрзо отколку што квасецот успеал да се размножи. Тоа довело до пад на популацијата квасци, што значело помалку храна за парамециумите, па некои единки гладувале и изумреле и нивната популација се намалила.

д) Да, бидејќи се разгледува затворен екосистем (екосистем што содржи само два организми). Тие зависат исклучиво еден од друг.

 

6             Исправка на вредности (години) на x-оската.

а) 1500 кози

б)            Во период од 1930-1950 година (експоненцијален раст).

в)            Достапност на доволно храна, отсуство на предатори,  отсуство на болести.

г)            Околу 1960 година.

д)            Натпревар за ресурси, појава на болести и сл.

ѓ)            Не. Популацијата ќе одржува постојано ниво.

7            

 а)            Пример: треви – глувци – гуштери − орли

б)           

  • популацијата гуштери – може да се зголеми (поголем извор на храна)
  • популацијата елени – може да се намали (скакулците ќе ја намалат тревната популација па елените би останале без храна)
  • популацијата треви – може да се намали (извор на храна за скакулците)

8            

а)            Имаме откриено како да одгледуваме многу повеќе храна отколку што некогаш сме можеле во природата, за да луѓето ширум светот имаат доволно храна за јадење. Можеме да излекуваме многу болести со помош на антибиотици и други лекови. Можеме да спречиме многу смртоносни болести преку вакцинации. Луѓето немаат природни предатори.

б)            Уништување живеалишта за добивање Земја за живеење, земјиште за одгледување храна, копање за ресурси, загадување на води, воздух и почва итн.

в)            /

9           

10           На кој начин наведените човекови активности придонесуваат за загадување на почвата?

а)            Осиромашува почвата со минерали.

б)            Пестициди се акумулираат во почва и го оштетуваат живиот свет во неа.

в)            Акумулирање на тешки метали во почва кои штетно влијаат на растот и развојот на живиот свет.

г)            Сечење на шуми придонесува до ерозија на плодниот дел од почвата.

д)            Во почвата се натрупуваат разни штетни материи: масла, нафта, тешки метали, пластика, отрови, хемикалии и сл.

11          

а) Збогатување на водите со хранливи материи.

б)

1 – Азот и фосфор од вештачки ѓубрива се измиваат од земјоделските насади и се влеваат во водните тела.

2 – Азотот и фосфорот претставуваат храна за алгите и останатите водни растенија па нивниот број значително се зголемува. Ова се означува како „цветање на алгите“. Тие формираат огромни наслаги на површината на водата со што го спречуваат продирањето на сончевите зраци во водата.

3 – Алгите изумираат, а се зголемува бројот на бактерии кои ги разградуваат. Притоа разградувачите користат големи количини на кислород од водата.

4 − Во недостиг на кислород, рибите и другите животински видови изумираат. Мртвата органска материја во распаѓање се акумулира на дното.

в)            Во природните води, но прво треба да се прочистат.

12         

13                          

а)            Согорување фосилни горива во превозните средства, домаќинствата и индустриските капацитети, сечење на шумите.

б)            Се образуваат слаби киселини − азотна и сулфурна киселина.

в)            Ги оштетуваат растенијата, го менуваат хемискиот состав на почвата итн..

г)            Почвите и водите се закиселуваат во процес наречен ацидификација.

д)            /

14           Зголемување на концентрацијата на CO2 во воздухот предизвикува зголемување на атмосферската температура и глобално затоплување.

15           Оштетувањето на озонскиот слој предизвикува поголемо продирање на штетни УВ-зраци од Сонцето. Тие имаат штетно влијание врз живиот свет.

16          

а)            Ендемични видови живеат само на мала територија и никаде на друго место.

б)          

в)            /

17

Вертикално треба да се прикаже број на умрени во Ковид пандемијата, a хоризонтално – времето (пример во месеци или години)  Треба да се нацрта крива со висорамнина.

 

 

Тема 7 Природна селекција

1           

Особеностите на живите организми се нарекуваат карактеристики (особини) на организмите. Карактеристики што се пренесуваат од една на друга генерација се наречени наследни карактеристики. Пренесување на карактеристиките од родителите на нивните потомци се нарекува наследување. Постојат и ненаследни карактеристики коишто организмите ги развиваат во зависност од средината во која се наоѓаат.

Наследните карактеристики се пренесуваат од родителите на потомците преку носители на наследни информации наречени гени. Гени имаат сите организми. Потомците добиваат половина од гените од таткото и половина од гените од мајката. Вкупниот збир на гени на еден организам се нарекува генотип. Гените одредуваат како некој организам ќе расте, ќе се развива и како ќе изгледа. Збирот од надворешните карактеристики, односно изгледот на организмите се нарекува фенотип.

Колку и да има сличности помеѓу родителите и потомците, сепак помеѓу нив има и одредени разлики. Тие се јавуваат поради мешање на карактеристиките од двата родитела, но и поради дејството на надворешната средина. Од друга страна пак, организмите се одликуваат и со способност за менливост (варијабилност). Ваквите промени се означуваат како модификации кога се ненаследни и мутации кога се наследни.

2           

3           

4            

а)            Хомологни хромозоми.

б)            22 пара.

в)            5 карактеристики  (секоја карактеристика е означена со различна буква).

г)            Различни форми на еден ген – алели.

д)            Доминантни. Ефектот го изразуваат секогаш кога се присутни во генетскиот материјал на една клетка, без разлика каква форма има другата алела.

ѓ)            Рецесивни. Ефектот го изразуваат само доколку двете алели за генот се рецесивни.

е)            CC.

ж)           aa.

з)            d и a.

ѕ)            Bb, Dd, Ee.

и)           D, C – бидејќи овие форми се доминантни, а таткото носи рецесивни форми на генот, но и генот a бидејќи и таткото носи рецесвен алел за истиот ген.

5            

а)            Не – во следната генерација ќе се наследи само по еден хромозом од секој хомологен хромозомски пар, и еден од половите хромозоми X или Y.

б)            46, а јајце-клетката 23.

в)            Полови хромозоми.

г)            Машки пол.

д)            Таткото (тој може да предаде на потомството X или Y).

6            

Г и Д.

 7           

8            

а)            Грегор Мендел (1822-1884) бил австриски калуѓер, математичар и природонаучник.

б)            Тој правел експерименти со кои истражувал како карактеристиките од една генерација на растенијата грашок се пренесуваат на следната генерација.

в)            Боја на цвет, боја на семе, текстура на семе….

            

Спарувањето на две единки со различни форми на еден ген се нарекува монохибридно вкрстување. При вкрстувањето, едниот алел се наследува од мајката, а другиот од таткото. Генотипот го одредува фенотипот, односно карактеристиката ќе зависи од тоа која комбинација на алели ги добило потомството. За шематски приказ на можни комбинации алели при вкрстување се користи панитов квадрат. Вкрстувањето започнува со родителска генерација што се означува со Р при што се добиваат потомци од првата филијална генерација што се означува со F1.

10           в)

11          

а)            Ff

б)            FF

в)            ff

г)          

12          

а)           

GG x GG   – GG (100 % жолти)

GG x Gg – GG, Gg, GG, Gg    (100 % жолти)

GG x gg  – Gg     (100 % жолти)

Gg x Gg – GG, Gg, Gg, gg   (75 % жолти)

gg x Gg  –  Gg, gg, Gg, gg    (50 % жолти)

gg x gg – 100 % gg   (нема жолти)

ѓ)            100 % од потомците ќе имаат бели цветови.

13          

а)            BB   x  bb – Bb   (100% кафеаво крзно).

б)            Доминантен хомозигот BB.

в)            Флеш мора да биде хетерозигот (Bb), бидејќи при спарување со Бела која е рецесивен хомозигот (bb – бело крзно) се добило потомство со  бело крзно што е можно само ако нивниот генотип е рецесивен хомозигот (bb).

14           Кај човек, доминантни наследни карактеристики се дупчињата на образите (Ј), кафеавата боја на косата (Т) и присуство на пеги на лицето (H).

a)            Индивидуата има дамки на лицето, дупчиња на образите и светла боја на косата.

б)            Од таткото.

в)            Од мајката.

г)            Не, затоа што на сликата е прикажан само едниот алел за боја на косата од секој од родителите што кодира светла боја на косата. Но, можно е другиот алел за овој ген да е доминантен, па да имаат кафеава боја на косата.

15           

а)            Три – KK, Kk, kk.

б)            Два: KK и Kk = кадрава коса, kk = права коса.

в)            Права коса.

16           

а)            Мајка со кафеави очи (MM, Mm) и татко со сини очи (mm).

б)            Сини очи (mm), другото со кафеави очи (Mm). (Штом добиле дете со сини очи, значи мајката била хетерозигот Mm).

в)          

г)            50 % сини очи, 50 % кафеави очи.

д)            Ако двата родители се хетерозиготи (Mm), постои 25 % шанса да се добие дете рецецивен хомозигот (mm) со светли очи.

17           Цистична фиброза е болест предизвикана од еден мутиран ген (c) сместен на седмиот хромозом. Болеста се наследува рецесивно. Хетерозиготните индивидуи се носители на болеста.

а)            Сс и cc, Cc и Сс.

б)            Cc – родители, cc – дете

в)            25 % од хетерозиготни родители (носители на болеста).

г)            Не – сите ќе се носители хетерозиготи (CC x cc – Cc 100 %)

18          

а)          

 б)          

в)

  • 25 %
  • 0 %
  • 25 %
  • 25 %
  • 25 %

г)            Не, затоа што машките носат само еден алел од генот, кој ако е рецесивен, ќе бидат болни.

19          

а) и б) 

в)            Црвени очи.

г)            100 %.

20          

а)            Вештачка селекција подразбира одбирање на одредени организми што ги имаат посакуваните карактеристики и нивно меѓусебно вкрстување и одгледување во тек на неколку генерации.

б)            Во природата селекцијата се прави преку борба за опстанок.

в)            /

г)          

    21           Б (за да го држат растението стабилно во ветровити места),  Г (за да не го откине ветрот), Ѓ (за да успева на ладни места), Ж (за приносот да може да се собере, а не да го однесе ветрот).

22          

а)            Шрузбери, Англија, во 1809 година.

б)            Галапагоски Острови. Свингалки. Секој остров имал своја група свингалки што се разликувала по формата на клуновите, но веројатно настанале од ист предок.

в)            Околу 1859. Ова се главните идеи во неговата теорија:

  • Организмите од еден вид не се сосема исти помеѓу себе. Тие покажуваат варијации.
  • Многу организми не доживуваат полово созревање. Можат да бидат убиени од предатори, да умрат како резултат на болести или од недостиг на храна.
  • Единките кои имаат варијација што ги прави најдобро адаптирани во нивното живеалиште имаат најголеми шанси за преживување.
  • Најдобро адаптираните организми имаат најголеми шанси да се размножат и да имаат свои потомци.
  • Потомците ќе наследат некои од карактеристиките на родителите.
  • Ако тоа продолжи, од генерација во генерација, со текот на времето, може да настане промена на видот. На крајот, оваа промена може да биде толку голема, што може да настане сосема различен (нов) вид.

г)            Во 1859 година, ја објавил својата најпозната книга „Потеклото на видовите“.

д)            Оваа теорија Дарвин ја нарекол природна селекција.

23        

 

24          

а)            Секоја група организми има доволно заеднички особини, но секогаш има и одредени разлики – варијации. Кога има доволно ресурси за сите, овие разлики не се важни. Но, можно е да нема доволно храна, нова болест да ги нападне организмите или да дојдат нови предатори. Организмите кои населуваат одредено живеалиште мора да се натпреваруваат едни со други за да опстанат во овие потешки услови. Тоа се означува како борба за опстанок. Некои од организмите ќе имаат адаптации, што значи дека можат да опстанат подобро од другите. Единките од еден вид што имаат најдобри карактеристики за да преживеат во животната средина (на сликата темно обоените глувци), ќе продолжат да се развиваат, да се размножуваат и ќе ги пренесат нивните карактеристики на следната генерација. Единките кои немаат карактеристики со кои би преживеале (белите глувци) ќе изумрат, со што нивните карактеристики нема да се пренесат на следните генерации.

б)            /

25          

б)            Имуност кон инсектицидот.

26          

а)            Обоеност на тело.

б)            Загадувањето на воздухот.

в)            /

27          

а)            Затоа што по додавање на антибиотик на слика 1, повеќето бактерии изумреле.

б)            Бактериите што преживеале на слика 2, имаат отпорност кон антибиотикот и со тек на времето растат и се размножуваат со што се зголемува нивниот број.

в)            Бактериите од слика 2 непречено се размножувале.

г)            За нивно преживување при промена на условите во средината.

 

 

Содржината на оваа страница е достапна само за членовите.
Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да ја прегледате содржината.

Existing Users Log In

2   +   4   =