Материјали за учење од дома

МАТЕРИЈАЛИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА
НАСТАВНАТА ПРОГРАМА НА ДАЛЕЧИНА ПО ПРЕДМЕТОТ ПРИРОДНИ НАУКИ 1 ОДДЕЛЕНИЕ

ВАЖНО: Текстовите главно се наменети главно за родителите за да можат да им помогнат на своите деца во објаснување на предвидените наставни единици.

Дадените наставни листови се предвидени да се решаваат самостојно од страна на учениците. Може да се испечатат, но може да се решаваат и во тетратка.

 

ТЕМА 5. Произведување звуци

 

По изучување на оваа тема, од учениците се очекува да ги постигнат следниве цели:

  • да идентификуваат повеќе извори на звук
  • да ги поврзуваат звуците со своето сетило за слух.
  • да се запознаат со идејата дека звуците патуваат од изворот
  • да препознаат дека со оддалечување на звукот од изворот, тој станува послаб и понејасен
 
Извори на звук и нивно препознавање

Можеш ли да погодиш кој те вика? Можеш ли да погодиш дали некој е среќен? Како? Тој што те вика е извор на звукот. Извор на звукот е местото од каде што доаѓа некој звук.

Звукот кој ти го произведуваш – твојот глас – се создава во твоето грло!

Вклучи ја следната презентација и тестирај се колку добро ги познаваш звуците. Притисни на дадениот симбол за звучник и слушај внимателно. Обиди се да погодиш кој прави таков звук. Не брзај!

Презентација: – Препознај го изворот на звукот

Забелешка: по отворање на презентацијата стиснете F5 за започнување на шоуто. Слајдовите се менуваат со притискање на копчето за празно место (Space) или кликање на глувчето.

Скакулецот создава звук со триење на задните нозе од стомакот.

 

Видови звуци

Постојат многу различни звуци.

Некои се природни: дожд, ветер, бранови, песните на птиците, мјаукање на мачките, сите звуци што ги прават животните и други.

Некои се вештачки произведени: ковање клинец, цепење дрва со секира, звуците од домашните уреди (фен, вентилатор, телевизор…) и други.

И човекот може да прави најразлични звуци – зборување, викање, пеење, икање, кашлање, `рчење, плачење, аплаудирање и слично.

Вежба

  1. a) Слушни го секој звук и поврзи го со соодветната слика подолу. Во тетратка, запиши ја буквата пред звукот што ќе го чуеш, а потоа запиши го бројот на сликата што најмногу одговара на тој звук. Пример, А – 2 за првиот звук.

 

 

Б)

 

В)

 

Г)

 

Д)

 

Ѓ)

 

Е)

 

Ж)

 

З)

 

Ѕ)

 

И)

 

Ј)

 

К)

 

Л)

 

Љ)

 

М)

 

Н)

 

Њ)

 

О)

 

П)

 

Р)

 

1234

5678
9101112
13141516
17181920
   
21   

 

Решенија

 

Наставен лист: – Убави звуци или бучава

 

Тивки и гласни звуци

Некои звуци се гласни. Некои звуци се тивки.

 

Некои гласни звуци можат да им наштетат на ушите.

Наставен лист: – Гласно или тивко

 

Музички звуци

Секако дека има звуци што ни се допаѓаат и звуци што не ни се допаѓаат. Знаеш дека инструментите создаваат звуци. Како се нарекуваат овие инструменти? Каков вид звуци прават тие?

Наставен лист: – Кажи го звукот

 

На инструментот треба да му направиш нешто за да даде звук. 

Треба да свириш на него. Според начинот како се свири на нив, инструментите се делат на:

 

  • гудачки инструменти
  • удирачки инструменти
  • инструменти со повлекување на жица
  • дувачки инструменти.

 

Подели ги инструментите на групи според тоа како свириш на нив. Дали во некоја група има два инструмента?

 

НАПРАВИ

 

Некои инструменти што ги слушаме имаат жици. И дома може да се направи свој жичан инструмент.

 

Потребно: кутија за чевли, молив, ножици, ластичиња

Постапка:

1. Нацртај круг во средина на капакот.
2. Исечи го кругот. (Повикај возрасен да ти помогне!)
3. Стави го капакот назад на кутијата. 

4. Растегни гумени ластичиња со различна големина околу кутијата и над отворот.

Гумените ленти треба да се оддалечени една од друга околу 2 центиметри.

5. Почни да свириш на својот инструмент така што ќе ги повлекуваш жиците како кај гитара. Смисли своја песна.

Дали сите гумени ластичиња даваат ист звук? Какви разлики забележуваш?

 

Звуци на далечина

 

Ѕвончето е многу гласно. Но некои деца во дворот не можат да го слушнат.

Ѕвончето е извор на звук. Високите, гласни звуци ги слушаме оддалеку.

 

Звукот патува. Колку подалеку си од изворот на звук, толку е потивко.

Кога си доволно далеку од изворот, звукот не можеш да го слушнеш.

Ако се приближиш, ќе можеш да го слушнеш пак. Замисли дека се качуваш на некоја висока кула како оваа на сликата. Дали звуците на автомобилите од улицата ќе стануваат послаби како што се качуваш? Зошто?

Наставен лист: – Звукот и далечната

 

Слушање звуци

Имаме пет сетила. Ушите ни служат за слушање.

Некои звуци можеш да ги почувствуваш.

 

 

Звукот предизвикува мембраните на овој звучник да треперат.

НАПРАВИ

Направи телефон од жица. Добро оптегни ја жицата. Тивко зборувај во чашката.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

Синиот кит го создава најсилниот звук од сите животни!

 

Некои звуци, на пример, чкрипење со нокти по табла или пишување со  креда можат да те наежат.

 

Подобро се слуша преку земја отколку преку воздух!

Викањето на слонот може да се чуе на далечина од 10 km.

 

Звукот може да патува со брзина од 20 километри во минута.

 

 

ДА ПОВТОРИМЕ СО ИГРА

Колку знаеш за звуците и за тоа како ги слушаме? Играј ја оваа игра со пријателите или со семејството за да дознаеш!

 

Игра – Добри вибрации

 

Научи дека:

Звуците се создаваат од извор на звук.

Слушаме со ушите.

Звуците стануваат потивки како што се оддалечуваме од изворот на звук.

Гласните звуци можат да ни го оштетат слухот.

Звукот од изворот патува во сите правци.

 

Содржината на оваа страница е достапна само за членовите.
Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да ја прегледате содржината.

Existing Users Log In