Материјали за учење од дома
МАТЕРИЈАЛИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА |
ВАЖНО: Текстовите главно се наменети главно за родителите за да можат да им помогнат на своите деца во објаснување на предвидените наставни единици.
Дадените наставни листови се предвидени да се решаваат самостојно од страна на учениците. Може да се испечатат, но може да се решаваат и во тетратка.
ТЕМА 5 – Сетила
По изучување на оваа тема, од учениците се очекува да ги постигнат следниве цели:
- да истражува човечки сетила и начини на коишто ги употребуваме за да учиме за нашиот свет
- да научат дека луѓето имаат пет различни сетила,
- да разберат дека сите не ги сакаат истите вкусови, мириси итн.,
- да замислат како ќе изгледа кога некое сетило би им било оштетено.
ПЕТ ЧУДЕСНИ СЕТИЛА
Луѓето имаат пет неверојатни сетила што ни помагаат да научиме за светот околу нас – вид, слух, мирис, допир и вкус. За секое сетило имаме соодветен сетилен орган. Така, гледаме со нашите очи, слушаме со нашите уши итн.
Опиши некои од твоите омилени миризби, звуци и вкусови. Кои миризби, звуци и вкусови не ги сакаш?
Сетила
Рецепторите (примателите) во различните сетилни органи можат да примаат информации само за определени работи. Рецепторите на ушите примаат звуци, но постојат други рецептори, што истовремено примаат информации за нашето движење и ни помагаат да ја одржиме нашата рамнотежа. Јазикот има рецептори што примаат информации за вкусови на супстанците во храната. Нашата кожа прима информации за допир, температура, притисок и болка, а носот има рецептори што примаат информации за хемикалиите од воздухот што ги препознаваме како мириси. Нервните клетки во рецепторите ја носат пораката до мозокот кој што ја обработува информацијата и соодветно реагира на тие информации.
ДОПИР
Сетилото за допир се наоѓа во кожата. На некои делови од телото, како на врвовите од прстите или усните, сетилото за допир е почувствително. Со сетилото за допир чувствуваме какви се предметите околу нас – каква им е текстурата (мазна или рапава), состојбата (меко, течно, тврдо) и температурата (топло или ладно).
Отпечатоци од прсти
На врвовите од прстите има испупчености и вдлабнатини што формираат разни шари како лавиринти. Не постојат двајца луѓе на планетата со исти шари на прстите. Тие ни помагаат да ги држиме предметите и притоа да не ни се лизнат од рацете.
Полицијата користи отпечатоци од мастило од овие шари за да утврди за која личност се работи. Нашите паметни телефони веќе се отклучуваат со отисок од нашиот прст.
Активност: Детектив за отисоци од прсти
За ова истражување на отпечатоците од прсти потребни ви се само лупа, молив и малку селотејп!
1. Нацртај ја контурата на својата рака на лист хартија со молив.
2. На друг лист хартија, обој мал дел стискајќи силно со моливот, сè додека таа површина не се покрие убаво со графит. Помини со прстите еден по еден (прво едната, па другата рака) врз графитот дури врвовите од прстите убаво не се покријат со сива боја.
- Залепи парчиња селотејп врз размачканата боја на прстите. Побарај помош ако треба.
4. Внимателно одлепувај ги лентите селотејп од секој прст и лепи ги на соодветните прсти на нацртаната дланка.
- Сега можеш со помош на лупа да видиш какви сè шари имаат твоите прсти. Можеш дури и да ги запишеш.
ВКУС И МИРИС
Сетилата за вкус и мирис се поврзани. Со нив чувствуваме хемиски материи.
Сетилото за вкус е сместено во вид на мали израстоци на јазикот. Со нив можеме да чувствуваме слатко, солено, кисело и горчливо. Секој од нас сака поинакви вкусови.
Сетилото за мирис се наоѓа во носот. Тоа ги препознава различните хемиски материи од воздухот, односно мирисите. Со ова сетило можеме да почувствуваме огромен број на различни мириси.
ВИД И СЛУХ
Сетилото за вид е сместено во окото. Видот претставува способност да разликуваме слики. Во окото се наоѓаат различни делови што разликуваат светлина од темнина.
Други делови разликуваат различни бои. Сите тие праќаат информации до мозокот. Тој ги спојува сите информации и ни кажува што гледаме, каква боја има и колку е далеку.
Обиди се да си го запишеш името со Брајовата азбука.
Луѓето што не можат да слушаат (од раѓање или од некоја несреќа), непречено можат да комуницираат на знаковен јазик.
Илузии
Дали секогаш можеме да веруваме во сè што ќе видиме? Прочитајте, па размислете уште еднаш…
Оптичките илузии ја користат бојата, светлината и најразлични форми за да создадат слики што можат да ги измамат нашите мозоци и да ги убедат во погрешни или непостоечки работи.
Светлинските информации што ги примаат очите, се обработуваат во мозокот. Во мозокот се создава слика за она што го гледаме, што не е иста со реалната слика. Ова се нарекува оптичка илузија и се случува кога нашиот мозок се обидува да го сфати она што го гледаме, а не му успева сосема. Така, некои комбинации на бои и облици го мамат нашиот мозок да гледа работи што не се вистински.
Испробај некои од следниве илузии и забележи колку му е тешко на твојот мозок точно да ги протолкува сликите кои ги гледаат твоите очи.
Морино ефект
Дали сликите се движат?
Не, само ви изгледа дека сликите се движат. Морино ефектот може да го произведат интересни и убави геометриски шеми.
Силуети
Што гледаш на сликата? Две човечки силуети или дрво?
Слон
Колку нозе има слонот на цртежот? Со лист хартија, покријте ги стапалата на слонот и лесно ќе дојдете до одговор.
Одговор: 4.
Коси и прави линии
Дали хоризонталните линии се коси или прави?
Одговор: Сите хоризонтални линии се прави. Црните и белите квадрати не се усогласени и на тој начин го мамат вашиот мозок дека линиите се коси.
Поголемо или не?
Погледнете ги црвената и сината линија на секоја слика. Дали едната линија е подолга од другата?
Одговор: Тие се со иста должина! Тешко е да се поверува, нели? Земете линијар и измерете ги!
Што мислите за двата розови круга? Кој е поголем?
Одговор: Двата розови круга се исти по големина.
Која боја сме?
Пребројте ги сите црни точки што можете да ги видите.
Одговор: Нема црни точки. Ако се фокусирате директно на секоја точка, ќе видите дека сите се бели.
Дополнителни информации
Некои луѓе се родени слепи (не гледаат) или глуви (не слушаат). Други, пак, ослепуваат или оглувуваат поради различни несреќни случки или болести. Можеш ли да замислиш како би било доколку некој изгуби едно од сетила? Постојат многу познати личности со нарушен вид како што се Андреа Бочели – оперски пејач, и пејачот Стиви Вондер, сликарот Клод Моне, а Нелсон Мандела живеел со оштетување на слухот.
Наставен лист: – Сетила и дразби
You must be logged in to post a comment.