Примена на работен лист Пикадо

За практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.
Илустриран наставен лист со активности со пикадо можете да најдете во комплетот работни листови по математика.

Пикадо
Со обичен фломастер нацртајте „цели“ (стрелки, магнети) врз сликата од пикадо, како на примерот подолу:

Pikado

Потоа прашајте ги учениците за вкупниот збир на секоја од таблите (преку собирање на мали броеви). Повторете го ова со различни броеви и различни комбинации на обележани „цели“.
Употребете го пикадото со 10 во центарот.

Кажете им на учениците дека секој сектор (зрак) дава 10 (број во средина) и прашајте ги учениците да ги откријат броевите што недостигаат и да ги запишат на соодветно место. Ова може да се адаптира и со помали броеви (1 до 5) и со поголеми броеви (над 10) во средината и да им се каже дека со одземање би се добил бројот што недостига. Учениците нека го најдат бројот.

Можете да ја адаптирате оваа активност со тоа што ќе им поставите некои услови на учениците. На пример, се добиваат двојно повеќе поени за надворешниот круг и десет пати повеќе за бројот во внатрешниот круг. Покажете кон различни броеви, а учениците нека ги кажат поените. Ако сакате да ги предизвикате, покажете кон два броја, а тие нека кажат колку би биле вкупните поени.

За дополнителни броеви и комбинации искористете ги празните пикада во последниот ред од работниот лист. Запишете врз празното пикадо разни комбинации на броеви, со обичен фломастер, а кога ќе завршите избришете ги со хартиено марамче или сунѓер.

Кога работите одредена активност, можете и да ги покривате останатите делови од работниот лист со хартија, за учениците да останат фокусирани на задачата на која работите.

***
Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.

Содржината на оваа страница е достапна само за членовите.
Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да ја прегледате содржината.

Existing Users Log In