Примена на работни листови Геометриски фигури

За практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.
Илустриран наставен лист со геометриски фигури можете да најдете во комплетот работни листови по математика.

Геометриски фигури
Утврдете го познавањето на имињата на фигурите преку работниот лист со фигури. За загревање и проверка на познавање на имињата и фигурите, започнете со посочување на фигурите од работниот лист и учениците нека ја препознаат соодветната фигура, а потоа запишете го името на фигурата под соодветната слика.

Учениците нека се сетат на што повеќе предмети од секојдневниот живот во соодветната фигура. Потоа дискутирајте со нив околу тие фигури и нивниот број на страни, рабови и темиња.

Работниот лист можете да го употребите и за групирање на фигурите според заеднички својства. Ученикот нека ги заокружи сите фигури со четири страни, или нека ги поврзе со линија фигурите кои имаат рамни или закривени површини и сл.

Совет: Делот од работниот лист кој не ви е потребен можете да го покриете со лист хартија (на пример, со учениците работите геометриски слики и во таа фаза не ви се потребни геометриските форми), за учениците да останат фокусирани на задачата на која работите.

***
Доколку сакате да дадете придонес со ваш предлог за практички активности или имате друга корисна идеја за примена на картичките и сакате да ја споделите, пишете ни на obrazovanie@literatura.mk.

Содржината на оваа страница е достапна само за членовите.
Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да ја прегледате содржината.

Existing Users Log In

3   +   1   =